SnapShot0

 

Во текот на денешниот ден, четврток 22 ноември, УЈП ќе презентира решение со кое ќе се знае дали пензионерите ќе бидат обврзани да се регистрираат во системот за е-даноци. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска го кажа ова во Кавадарци и информира дека досега една третина од даночните обвзници ја завршиле регистрацијата за персонален данок.

stefans

Лозарите кои својот род во 2015 година го продадоа во винарската визба„ Стефанс“ во Кавадарци сеуште не можат да си ги наплатат парите. Тие стравуваат дека доколку утре судот во Гостивар отвори стечај, тешко ќе можат да го наплатат своето побарување. Визбата им должи околу 850 илјади евра.

SnapShot3

Ученици од гимназијата „Добри Даскалов“ кои се вклучени во проектот „Читај меѓу редови“ на Фондацијата „Фокус“ од Велес од денеска се едуцираат за медиумска писменост. Тие имаат можност преку овој проект да стекнат знаење како да ги препознаваат лажните вести кои денеска се почесто се пласираат низ социјалните мрежи.

zimska sluzba kavadarci1

Годинава компанијата „Градба промет“ го доби тендерот за зимско одржување на локалните улици и патишта во Кавадарци. Договорот кој го склучила општината е тежок три милиони денари.

Tkives naslovna

Голем број љубители на виното од земјава и регионот, претставници на дипломатскиот кор, на институциите, на бизнис секторот и медиумите, јавни личности, како и соработници и пријатели на Винарската визба „Тиквеш“ имаа можност за првпат да го пробаат младото вино од годинешната берба која за „Тиквеш“ беше рекордна и изнесуваше над 28 милиони килограми грозје.

kucinja123

Кавадарчани се жалат на големиот број бездомни кучиња кои непречено се движат низ улиците во сите делови од градот. Во изминатиот период десетина граѓани пријавиле во полиција дека биле нападнати од куче скитник.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.