Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

На вчерашните предвремени парламентарни избори во општина Лозово гласале вкупно 1.630 граѓани или 79,36 проценти од вкупниот број гласачи евидентирани во избирачкиот список. И тука предноста во гласови е на контото на ВМРО ДПМНЕ. За неа гласале 878 граѓани или 53,87 проценти.

Нешто помалку од триста гласа има СДСМ, за неа гласале 587 граѓани или 36 проценти од вкупниот број на гласачи. Многу помалку гласови добиле партиите од албанскиот блок. За ДУИ гласале само 5, додека за ДПА десет граѓани. За Коалицијата за промени и правда гласале 8 жители на оваа општина, а за Либералната партија шест. Коалицијата ВМРО за Македонија ја добила довербата на 45 граѓани или 2,76 проценти, додека пак Левица освоила само седум гласови./Д.С

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново