Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Писмениот документ со кој тутунарите од Лозово се обврзаа кон „Струмица табак“ дека ќе произведуваат квалитетен тутун – басмак, годинава наместо заработувачка им носи пропаст. Струмичката тутунарска фирма го затвори откупниот пункт во Лозово. Во амбарите на тутунарите останаа неоткупени триесет тони. Тутунарите рекоа дека се во загуба од самиот почеток на годинешното производство, кога влегле во инвестиција и купиле опрема.

- Стумица табак од нас побара да го произведуваме токму овој вид на тутун, басмак или кафен тутун. Направивме договор, потпишавме и ние почнавме да го наводнуваме значи системи купувавме за наводнување па фолии градевме и во нив го сушевме а сега немаме информации во стечај ли е што се случи со фирмата. Еве погледнете тутунот ни стои во амбарите. Чаре немаме, не знаеме што да му правиме. Јас произведов 700 кг басмак а не можам еден килограм да продадам. Ако дојде некој и да ми понуди 80 денари за килограм па што сум направил јас кога не можам да си ја прехранам фамилијата. Сега барам помош од министерството за земјоделство, рече Златан Ристов – тутунар од с. Каратманово

Од „Струмица табак“ пред Божик им кажале дека ја изгубиле лиценцата. Тогаш ги советувале овие тутунари да бараат друг начин за откуп, друга фирма. Сега други откупувачи бараат да го откупат ама наместо во прва или во втора класа им го проценувале во тртета и четврта класа. Тутунарите добивале многу ниски откупни цени .

- Имам околу 500 килограми тутун басмак и не знам што да му правам. Слушам пропаднала фирмата, газдата си товарил тоа што откупил и однел за Грција, а ние остануваме на цедило. Имаме кредити за враќање и живееме од производството на тутун затоа што еве јас добивам 10.000 денари пензија. Што да правам? За нигде ни е работата. А Струмица табак не тераше да произведуваме басмак. Моравме да го наводнуваме а сега само обврските за вода не можам да ги подмирам оти цело лето под него прскавме за да стане црн и кафен. Со цената што други откупувачи ми ја нудат јас губам најмалку по 150 денари од кило. Сега барам државата да помогне, Петре Колевски – тутунар од с. Каратманово.

Тој додава дека наместо цена од 405 денари за прва, 300 денари за втора и 218 денари за трета класа сега откупувачите сакаат да им го земат за 150 денари поефтино.

- Незнам што ќе правам. Ми се роди само 200 кг тутун а никој не ми го откупува. Без работа сум . Многу сме оштетени. Треба државата сега да помогне, другите монополи да ни го откупат ама не по цената што ни ја даваат, таа е многу ниска, рече Киро Наков – тутунар од с. Каратманово

Овие тутунари велат дека годинава во Лозово е произведена количина од 30 тони тутун. Сега кога кај нив идат други откупувачи и нудат пониски цени тие пресметале дека загубата од годинешната реколта ќе изнесува скоро 80 илјади евра ако не успеат да ги добијат откупните цени што ги давала Струмица табак.

И додека чекаат помош од министерството за земјоделство нивниот тутун калира и го губи квалитетотот со секој нареден ден па ги прави очајни и гневни./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново