26.01.2021
Во рамките на реализацијата на проектот „Одржување на чиста и здрава животна средина преку набавка на специјализирани возила за потребите на Јавните комунални претпријатија во 4 општини″, меѓу кои и Неготино, општина Неготино склучи договор со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со кој Центарот аплицираше до Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој за набавка на специјализирано возило за смет.
25.01.2021
Од Јавното претпријатие „Комуналец″ – Неготино ги известуваат граѓаните на Општина Неготино, дека поради санирање на дефект на главниот цевковод, на ден 26.01.2021 год. во траење од 10:00 до 15:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на територијата на Опшина Неготино.
Мите Јаначков
25.01.2021
Празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ годинава ќе биде одбележан скромно и со редуцирани содржини и настани, без масовни собирања, и со строго почитување на здравствените протоколи за заштита од пандемијата предизвикана од Ковид - 19.
21.01.2021
На 20.01.2021 околу 14.00 часот во Неготино од полициски службеници билo лишенo од слобода лицето К.Ц. (47) од Неготино, откако при контрола на автомобилот било забележано дека лицето поседува и вози со фалсификувана возачка дозвола издадена во Р. Бугарија.
20.01.2021
Од СВР - Велес информираат дека на ден 19.01.2021 од 9 до 16 часот на подрачјето на СВР - Велес е спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
15.01.2021
Можеби навидум изгледа чудно и неверојатно, но првата и воедно најстара авто-школа во државата е формирана токму во Неготино. Авто-школа „15 јануари - Неготино‟ , е формирана далечната 1991 година, на датумот чие име и го носи, пред точно 30 години. За тоа како невозможното стана возможно, за самите почетоци со работа, големата желба сонот да стане јаве, како и за развојот на Авто-школа „15 јануари -Неготино‟ раскажува еден од нејзините сопственици, Леон Ристов.