И српскиот пејач Самарџиќ кроеше лозници на Свети Трифун на лозје на „Тиквеш“
Синоќа на концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје а денеска на закројување на лозниците на „Тиквеш“ во Лепово, кај Неготино. И српскиот пејач Жељко Самарџиќ ја испочитува македонската лозарска традиција. Самарџиќ на празникот Свети Трипун се дружеше со гостите на винарската визба „Тиквеш“. Таму со желби за квалитетен род и бериќетна винска година денеска се закроија лозовите насади и во чест на Св. Трифун заштитникот на лозарите и винарите чинот на закројување го започнаа свештеници на МПЦ. Сепак првите лозници ги закроија генералниот директор на Винарската визба Тиквеш Игор Илиевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.
„Денеска е голем празник и за винарите и за лозарите со кои ние традиционално секоја година го означуваме почетокот на нашата берба на локацијата „Домеин Лепово“ и во оваа прилика сакам да го честитам овој голем празник на сите лозари и на сите винари во Македонија со надеж за уште поуспешна берба , за уште подобар пласман на виното на странските пазари. Сепак она што е крајна цел е автентичната промоција на вината на свестките пазари, се разбира вкупно на македонската винска индустрија . И од тој аспект позасилена промоција позасилена промоција и позабрзан развој на оваа земјоделска гранка што ќе ни овозможи попрепознатливи во светот“, рече Илиевски.
Винарската визба „Тиквеш“ континуирано посветува големо внимание и вложува обемни средства во развојот на сопствените лозови насади како и во соработката со лозарите и нивна едукација за примена на најсовремени агротехнички методи за одгледување на грозјето поради натамошно унапредување на квалитетот и производството на врвно вино.
Министерот Цветков не откри дали министерството за земјоделство го поттикнаа токму искуствата и постигнатите резултати на Тиквеш, но сепак најави едукација на лозарите за целиот процес на производтсво на квалитетни вина. Обуката ќе се реализира годинава и најверојатно ќе се прифати барањето на лозарите за законско намалување на исплатата на грозје од страна на винарските визби. Наместо досегашните шест месеци , визбите ќе бидат обврзани грозјето на лозарите да им го исплатат во пократок временски рок.
На новинарско прашање што ќе превземе министерот и министерството против визбите неплаќачи на родот од ланската па и од изминатите години и дали ќе им ги одзеде лиценците за работа, Цветков одговори.
„Винарските визби се должни во законски рок од шест месеци да го исплатат грозјето. Доколку после шест месеци не го исплатат грозјето сите оние финансиски средсдтва не се исплатени добиваат казна од 10 посто. Значи ако има 100 евра неисплатени има обврска за казна од 10 илјади евра и не може да добие лиценца за откуп на грозје за наредната година. Така што секоја винарија која нема да ги исплати средствата од 2015 година нема да добие лиценца за откуп за 2016 година. Можеби има одредени винарии кои ги немаат исплатено за 2014 година, а можеби и од 2010 година а има и некои кои можеби пропаднале, значи одат по судови и се судат. А има винарии кои што одат во стечај и тие ги немаат исплатено средствата значи ние не сме им дале лиценца. Оние винарии кои што ги исплатија долговите кон лозарите добија лиценца за 2016. Ние како министерство не го решаваме долгот туку лозарите и винариите се во судска постапка.“, рече Цветков.
Министерот по поплаките на лозарите дека не се задоволни со висината на ланската откупна цена на грозјето од 11 и 13 денари за килограм рече дека цената ја одредува пазарот а не министерството и дека за нереалните цени кои не им обезбедуваат добивка на лозарите ги понуди субвенциите.
Лани македонските винарски визби од произведените над 250 илјади тони откупиле и преработиле 170 илјади тони грозје. Министерот Цветков ја повтори субвенцијата од страна на министерството во висина од 500 милиони евра со која се помага промоцијата на македонското вино на пазарите во Европа, Русија, Кина и Америка. /Д.С