Загина белграѓанин во тешка сообраќајка кај Неготино
Педесет и пет годишен маж загина, неговата четириесет и едногодишна сопруга се здоби со повреди на граден кош а трите деца на возрас од десет, осум и една година имаат само нагмечувања и гребаници. Сите членови на семејството се србски државјани. Сообраќајната несреќа се случи рано утрово, околу 05:20 часот, на автопатот Неготино- Демир Капија, во близина на хотел „Парк“.
Тогаш патничкиот автомобил марка “Daewoo“, со српски регистерски ознаки, удирил лево во заштитна еластична ограда од автопатот Неготино – Демир Капија и влетал на коловозните ленти од спротивен правец.
На лице место починал мажот додека неговата сопруга и трите малолетни деца се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во болницата во Велес.
Увид на лице место изврши надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. Во временскиот период од три ласа по несреќата сообраќајот на автопатот Неготино – Демир Капија се одвиваше по една коловозна лента додека од спротивна страна беше во прекин. Пред еден час на автопатот е нормализирано движењето на возилата во двете насоки.
Првичните информации поврзани со сообраќајката се дека сопругата го управувала автомобилот кога се случила несреќата. Жената го заменила сопругот за да се одмори од долгото патување но, најверојатно заспала. Инаку настраданото семејство патувало на одмор во Грција./У.Ј