Неготинец осомничен за фалсификување пари
Објавено на 5 декември, 2016 во 13:32
Дваесет годишниот Г.Т. од Неготино купувал сендвич со фалсификувани пари. Тој во мај годинава отишол во сендвичара во Демир Капија и со фалсификат банкнота во апоен од 10 евра купил сендвич и сок.
Полициската станица од Неготино до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава во која го сомничи неготинецот за сторено кривично дело „фалсификување пари“./Д.С.