Неготинци неможат да се разладуваат на тропските температури додека гледаат како во центарорт на градот се гради новата фонтана. Изградбата чини околу 60 илјади евра. Граѓаните прашуваат што ќар ке имаат од фонтана кога во домовите немаат вода за туширање или капење. Неготино со децении наназад има проблеми со водоснабдувањето и секојдневни рестрикции како дење така и ноќе. Ветувањата дека во доволна количина вода во градот ќе има се провлекуваат на секои локални избори.

- Нам не ни е решен основниот проблем со водата а се гради фонтана. Многу ми е чудно ова што се случува, рече жителка на Неготино.
- Водата за пиење и за одржување на хигиена треба да е по приоритетна. Јас така мислам, рече Неготинец.
- Убаво е да имаме и фонтана и вода во домовите, рече Неготинец.

Пред извесен период започна реконструкцијата на водоводната мрежа,се менуваа водомери иако има рестрикциите на водата во Неготино.

- Ветената фонтана се гради,карактеристично по европски терк а граѓаните ќе бидат задоволни и со подновениот лик на плоштадот, рече градоначалникот Ванчо Апостолов.

Неодамна, на оваа тема, реагираа и неготинските Социјалдемократи кога рекоа дека фонтана не треба да е приоритет во град без вода, без породилно одделение, без лабораторија, без покриен градски пазар и без доволен број на паркинг места во централното градско подрачје./Б.Н.Т

Поврзани вести

Најново