Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Тројца тешко повредени и еден полесно е билансот од сообраќајката што утринава околу два часот се случила во Неготино.

Како што информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски несреќата се случила на регионалниот пат Р 103 Кавадарци – Неготино, на влезот во Неготино во близина на станицата за технички преглед „Антигона“.

Патнички автомобил "опел астра" со велешки регистерски ознаки, управуван од 35 годишното лице Н.А. од село Стојаково, излегол на левата страна од патот и удрил во заштитната ограда и објектот на Агросервис, соопштува  Додевски.

 Возачот со полесни повреди бил задржан на лекување во кавадаречката општа болница, а останатите тројца сопатници, исто така млади лица, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во клиничкиот центар во Скопје./A.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново