Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Семејството Иванови од Неготино денеска доби донација за своите две деца со церебрална парализа. Електрична кран дигалка ќе им го олесни секојдневниот живот на родителите при огледувањето на нивните деца. Стефан  има 22, а Драгица 14 години.

„Ние одлучивме заеднички да најдеме можност како да им го олесниме секојдневието. Затоа го купивме овој кран-дигалка и во неготвата набавка се вклучија повеќе фактори. Лицето кое доби лото во Неготино донираше поголема сума, неколку граѓански иницијативи од Неготино и неколку хуманитарни луѓе исто така донираа. И „Медикус Хелп како фирма што ги увезува овие апарати, се вклучи со донација при набавката на оваа справа, рече Симон Андов. Тој посредуваше меѓу сите донатори кои се вклучија во оваа хуманитарна активност.

Андов се заблагодари на сите кои се вклучија во оваа хумана работа. Изрази надеж дека овој кран ќе им го олесни живеењето како на родителите, така и на нивните деца Драгица и Стефан./А.Д

 

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново