Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Тринаесетгодишен малолетник од неготинското село Пепелиште се здобил со повреди кога се обидел да запали две петарди.
Петардите му испукнале во шака, при што, му нанеле сериозна повреда на левата шака. Момчето веднаш било пренесено во болницата Неготино, каде добило прва помош.

Потоа било упатено во Општа болница Кавадарци. По укажаната медицинска помош тоа било пуштено на домашно лекување.

Случката е случена пред два дена, вечерта во 21.30 часот во средата на 10 јануари.

Од Секторот за внатрешни работи во Велес упатија апел граѓаните да не го користат овој вид распрскувачки материјал, особено не децата поради последици како во конкретниот така и во случаи кога тие предизвикале многу посериозни повреди и рани на разни делови на телото./У.Ј

 

Поврзани вести

 

Најново