Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Пожар избувнал во стан во зграда на ул. „Маршал Тито“ во Неготино поради палење на оџак, информираат од СВР Велес. Пожарот настанал во станот чиј сопственик е лицето П.М (36) од Неготино.

 

„Пожарот настанал вчера околу 12 часот поради палење на заедничкиот оџак во зградата кој бил неисчистен. Истиот е локализиран од против пожарната единица од Неготино“ информира портаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Увид на местото на настанот, по овластување од ОЈО,  извршила екипа од неготинската полиција./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново