Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Полиција во текот на вчерашниот ден кај 41 годишниот А.Т од Неготино пронашла опојна дрога и пари за кои постои сомнение дека се од продажбата на наркотици.

Од СВР Велес информираат дека при извршен претрес во домот и други простори кај лицето А.Т  во Неготино биле пронајдени и одземени  1,5 килограми наркотична дрога  марихуана,  20  таблети  екстази,  36 шишиња метадон, како и околу 10 грама кокаин, околу 110 грама хероин, една дигитална вага и 36.000 денари, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.

Пријавениот А.Т наркотичната дрога ја продавал на лица -уживатели од подрачјата на Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Валандово и Струмица.

А.Т. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“ и истиот ќе биде предаден на надлежен судија за понатамошна постапка./A.Д

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.