Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Привршуваат градежните работи на автопатот „Пријателство“ на десната коловозна лента на делницата Неготино - Демир Капија. Компаниите изведувачи потоа градежната механизација ќе ја префрлат на спротивната страна од автопатот поточно на левата коловозна лента. И таа ќе биде обновена до крајот на месец јуни. Граѓаните од Македонија и странските туристи што во престојната летна сезона ќе патуваат кон Грција, од Табановци до Гевгелија , ќе сообраќаат по далеку поудобен и побезбеден автопат, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугаревск. Тие ќе возат по триесеттина целосно реконструирани километри нов автопат.

- Како што со директорот на ЈП за патишта, Зоран Китанов, бевме информирани од надзорот на изведувањето на градежните работи на овој дел од автопатот тие се при крај на десната коловозна лента. Потоа механизацијата се префрла на левата коловозна лента. Со тоа комплетно ќе завршат градежните работи на овој дел од Коридорот 10. Претходно беа комплетно реконструирани двата правци на автопатот на делницата Куманово - Миладиновци а беше саниран и коловозот на делница Велес - Градско, таму каде што беше потребно, рече министер за транспорт и врски Сугаревски.

- Се работи за траса долга 17 километри или од двете страни на коловозните ленти во должина од по 8,5 километри. Но овде не се работи само на гребење на асвалтот туку на комплетно онбовување на автопатот од подлога преку тампон се до поставување на асвалт бидејќи сите што се возеле на овој дел од автопатот знаат колку тој беше пропаднат. Но ние се завземавме ова да се поправи. Како наш приоритет беше десната страна на овој дел од автопатот што за еден месец ќе биде готова. Таа ќе можеше да биде готова и денеска ако февруари и март не беа два дождливи месеци што ги закочи изведбените работи. Единствено од рокот што како завршен го посочив, јуни годинава, се оградувам поради евентуалните проблеми што повторно можат да ги создадат временските услови, рече директор на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Очекувањата на Сугаревски и Китанов се дека кон крајот на април ќе биде пуштена во сообраќај и делницата од Демир Капија до Смоквца. Таа е долга триесеттина километри. Станува збор за сосема нов автопат, граден по најсовремени технологии и со современ контролен центар што ќе следи сообраќајот на автопатот, во тунелите и на мостовите.

- Тоа е еден но, не и последен современ контролен центар во кој се реализираат обуки со единствена цел да завршат градежните работи и да се пушти новиот дел од автопатот Демир Капија - Смоквица. Наша цел е веќе од јуни да се вози по обновени, реставрирани и безбедни патишта од Табановце до Гевгелија, рече директор на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Во моментот исто така се работи и на дилатација на мостот каде се спојува постоечкиот автопат со новоизградениот Демир Капија - Смоквица што беше највен со рок на завршување исто така на крајот на месец април. Прологирањето на претходно утврдениот рок за нови триесет дена е поради дождовите во месец март, годинава./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново