Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе Известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години сите три од Неготино, ученички во Основно училиште "Гоце Делчев", поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Насилство“, казниво по член 386 став 2 од КЗ на РМ.

Малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година, при што, физички нападнале 14 годишна ученичка од истото училиште и и нанеле телесни повреди.

„„Во врска со истиот настан поднесена е и кривична пријава против Р.А.(31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в став 1 од КЗ на РМ. Имено пријавениот на 11.04.2018 година, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување "SOS", не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува,“ соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес./У.Ј

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.