Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Три деца со интелектуална попреченост кои досега беа сместени во Специјалниот завод во Демир Капија од денеска имаат нов дом. Единаесет годишниот Дамјан, деветгодишниот Павел и петнаесет годишниот Рамче од денеска се сместени во Мал групен дом во Неготино. Овој нов дом за овие дечиња е лоциран во поранешните простории на Центарот за социјални работи во овој град.

На отворањето на домот присуствуваа Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставници на УНИЦЕФ и УНДП. „Работевме напорно на подготовки и на вработените но и на децата кои треба да се префлрат во двата мали групни дома, едниот во село Тимјаник а другиот во ценатрот на Неготино. Она што денес сите заедно може да го видиме е дека насмевките на овие деца не може да заменат ниедна тежина која што ја чувствуваме во целиот овој процес. Во суштина овие насмевки кажуваат дека децата се радуваат на промената, дека тука е шарено, светло, топло, како и во нивниот дом. Јас сум исто така среќна што нивните родители се одзваа на нашата покана да бидат заедно со нив во процесот на преселба. Тие се навистина изненадени дека нивните деца ќе добијат соодветно место за грижа, заштита и дека тука ќе ги развиваат своите сетила и дека ние, колку и да сме како луѓе полни со предрасуди во некои моменти и велиме ама овие деца не можат да постигнат повеќе, јас гарантирам дека со ова, тие деца ќе можат да постигнат многу повеќе“ рече Царовска.

Таа нагласи дека на овој начин на овие деца му се посветува поголемо внимание од неколку негователки и очекува овој процес денеска да го покаже никулецот дека целото општество стои зад него и заеднички да го одиме патот.

„Она што е непознато нормално е да не плаши, но не треба да се плашиме од тоа да покажеме хуманост, љубов и грижа за најранливите категории, да ги примиме во нашата заедница,во нашиот дом и најважно во нашето срце, а се друго само ќе се случи, нагласи Царовска.

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон, изрази задоволство што е денес во Неготино и се заблагодари на МТСП, на институциите, на локалната заедница и на сите кои помогнаа во сето ова.

„Во целиот овој процес ги користиме искуствата на други земји што веќе го имаат изодено овој пат на пример искуството на Хрватска каде што ваквите институции се во целост затворени и сите лица се во заедницата, некои од нив се на работни места со полно работно време и го живеат животот како и сите други. Во таква една ситуација ние би го поставиле прашањето а што вие како родители имате едно такво дете и дали би сакале и понатаму да живее во една таква средина каде што правилата на живот ги одредуваат други или би сакале да живее воз аедницата како и сите други да го почуствува како што рече министерката шаренилото на боите, допирот на мачето, да можат како и сите други да излезат во град и да се напијат чај или слично.Ние како ОН сме подготвени да ја дадеме целата неопходна поддршка на овој пат и сакаме да се заблагодариме на сите наши партнери и да им порачаме на домаќините односно на градот или селото каде што ќе се случи ваквиот премин на лицата со попреченост, дека ова е добро не само за корисниците туку и самите заедници ќе почувствуваат бенефит затоа што ќе бидат побогати за една поголема разновидност, додаде Винтон. Бенџамин Перкс, шеф на канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, рече дека грижата за децата во една држава е одраз за тоа колку добро се грижиме за децата, покажува какви сме ние и еден вид огледало за тоа какви вредности ние како луѓе и држава поседуваме./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново