Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

policija uvid

Едно лице е повредено во вчерашната сообраќајна незгода што се случила во 9 часот на регионалиот пат Неготино - с.Лакавица.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, се судриле трактор марка ИМТ 539 со неготински регистарски броеви управуван од 65 годишниот Ж.П од селото Пепелиште и патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ ито така со неготински регистарски броеви управуван од 40 годишниот Г.Г од Неготино.

„Во незгодата возачот е повреден возачот на тракторот и истиот по укажаната медицинска помош во Општата болница – Неготино, заради карактерот на повредите, е пренесен на лекување во Ургентниот центар - Скопје. Увид на местото на настанот изврши екипа од неготинската полиција./ А.Д

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново