Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sredba lozari negotino16 денари за килограм смедеревка и 17 за вранецот побараа лозарите на синоќешниот состанок организиран од Националната Федерација на фармери на Македонија. Тоа би било минимална заштитна цена на грозјето која е рамна на производната.

Состанокот се одржа во Неготино, а присуствуваа лозари од триквешкиот, гевгелиско-валандовскиот, струмичкиот и штипскиот регион

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше побарано функционирање на договорно производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој и гаранција на наплата (банкарска гаранција од откупувачите). Во Програмата за финансиска подршка на руралниот развој да влезат заштитните мрежи, антифрос системи, инсталирање на вентилатори, заштитни фолии, како мерки за заштита и адаптација на овој сектор и целиот земјоделски сектор на новите климатски промени.

На состанокот лозарите побараа државата да ги врати против градобијните ракети, но и да подржи автохтони сорти на грозје кои можат да бидат конкурентни. Исто така, бараат и зајакнување на контролата од надлежните институции при издавањето на лиценци за откуп.

“Откупната цена на двете најзастапени сорти во Република Македонија “смедеревка” и “вранец” не е помрдната во изминатите 10 години, иако трошоците на производството  се зголемени дури и за повеќе од 50 проценти, рече претседателката на федерацијата, Васка Мојсовска./А.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.