Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

1 1

Со низа активности и годинава општина Неготино ќе го одбележи празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. Како што најавуваат од општината, активностите за прослава започнуваат од утре со натпревар за најдобри вина и ракии од индивидуални производители.

Во попладневните часови,  утре,  ќе се одржи предавање на тема „Сезонски работи во лозов насад и мерки на адаптација кон климатски промени“, а предавач во салата на општината ќе биде проф.д-р Климе Белевски од Земјоделскиот институт од Скопје со изложба на публикации од областа на земјоделието.

Во среда во манастирот „Св.Ѓорѓи“ ќе се одржи промотивно-дегустациониот и продажен настан Ден на вранецот од индивидуални производители збогатен со раванијада, следува Мастер клас за виното Вранец со учество на регионални винарии од регионот, во попладневните часови од 16 до 18ч. ќе се одржи научна конференција на тема „Св.Трифун и виното-верувања, обичаи,ритуали, додека од 19ч. ќе се одржи традиционалната копаничарска изложба на здружението Стари занаети.

Централниот настан е на 14-ти февруари на самиот ден на Св. Трифун со затворање на научната конференција, организирана винска тура за домашни посетители од Вардарскиот плански регион, отворање на штандови на винарии на градскиот плоштад, фолклорно дефиле и од 12 часот следи отворање на централниот настан,симболично закројување на виновата лоза, прогласување на наградените од натпреварот за најдобри вина и ракии, по што следува извонредно богата забавно-музичка програма со настап на познати имиња од македонската естрада која е предвидено да трае до 19 часот./А.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.