Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sovet

Советот на Општина Неготино едногласно, попладнево, петок 24 јануари ја донесе Одлуката за поништување на одлуките од 2009 и 2019 година кои се однесуваат на урбанистички план и согласност за изградба на депонија за индустриски инертен неопасен отпад. На седницата Градоначалникот Тони Делков и Советот на општината рекоа дека ја почитуваат волјата на неготинци и иницијативата против депонија, на Здружението на граѓани „Ековита”. Одлуките се поништуваат сега, за да се избегнат правни и финансиски штети и последици врз општината.

Расправата по точката која беше дополнително ставена на дневниот ред, пред почетокот на седницата, траеше околу три часа. Околу иницијативата за референдум, поднесена од „Ековита”, беше најавена расправа на наредната седница.

инаку, државата не дозволува изградба на депонија во Неготино

Владата има јасен став дека на подрачјето на Општина Неготино не треба да има депонија. Препораките кои произлегле од стратегиската оценка, како за било кој друг објект, пропишуваат дека е потребно по добиена дозвола задолжително да се почитуваат стандарди и најдобрите практики . Неколку инсталации во државата во изминатите години ја промениле технологијата со набавки кој не се од земји на Европската Унија што исто така не соодветствува на потребите од доволно добра заштита на животната средина.

Makradul fin

- Таму каде што има објекти тие мора да ги користат најдобрите светски практики и да се врши континуирано мониторирање. Како пример, во западно европските земји има 445 инсталации кои што обработуваат алтернативно гориво. Ама сите ги проверуваат оџаците каква емисија имаат и какво е влијанието над животната средина, рече Јани Макрадули заменик министер за животна средина.

Тој додаде дека изградената јавна свест која ќе овозможи користење на модерна технологија, секако надополнета со наука и постојаната контрола од страна на државните институции, треба да обезбеди поголема сигурност и безбедност за сите во државата./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново