Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

negotino

13.01.2021

Општина Неготино ги известува своите граѓани, дека со цел вклучување на јавноста во реализирањето проекти што се од значење за граѓаните, општината стартува со имплементација на механизам за жалби и поплаки, преку однапред изготвени обрасци, кои граѓаните ќе можат да ги поднесуваат до органите на локалната самоуправа и надлежните институции.

Како дел од спроведувањето на проектот за поврзување на локални патишта при Министерството за транспорт и врски финансиран од Светска банка, Општина Неготино аплицираше за проект за реконструкција на ул„ Антигона“ до ул„Димче Мирчев“ и реконструкција на ул„ Едвард Кардељ“ за кои согласно рамката за животна средина и социјални аспекти е изготвен план за управување со животната средина и социјални аспекти и беше одржана јавна презентација и консултација.

Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овие проекти, но пред тоа Општина Неготино е обврзана јавноста, локалното население и останатите засегнати страни да ги информира дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот.

Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целосно спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен, се вели во соопштението на Општина Неготино.

Повеќе информации околу целиот механизам, како и изготвените обрасци за жалби и поплаки се достапни на следниов линк: http://www.negotino.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2069%3A2021-01-13-09-49-38&catid=11%3A2009-07-08-13-19-01&lang=mk

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново