Неготино добива Јавно претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“- Неготино
14.01.2021
Откако минатата година Советот на Општина Неготино донесе Одлука со која за првпат беше формирано Јавно претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“-Неготино, веројатно е дека истото наскоро ќе започне со својата работа.
Имено, вчера на 13.01.2021 година (среда) се одржа конститутивната седница на Управниот одбор на ова претпријатие на која беше донесена одлука за избор на претседател на Управниот одбор и одлука за усвојување на Статутот на Јавното претпријатие.
Се очекува во најскоро време ова Јавно претпријатие да профункционира и конечно да се стави ред во делот на паркирањето. За таа цел, во моментов се обезбедени 220 паркинг места на повеќе локации со тенденција во блиска иднина оваа бројка на паркинг-места континуирано да се зголемува, се вели во соопштението од Општина Неготино.
Мите Јаначков