Пријавена физичка пресметка помеѓу четири лица во Неготино
Објавено на 18 февруари, 2021 во 11:05
18.02.2021
Тепачка помеѓу четири лица настанала вчера во Неготино. Имено, синоќа околу 21.15 часот во Полициската станица – Неготино, било пријавено дека на ул.„Димче Мирчев“ во Неготино настанала физичка пресметка помеѓу П.Т.(40), Р.Ј.(32), Л.Л.(25) и Ј.А.(40), информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.
Тој додава дека се работи на расчистување на случајот и по целосно документирање на истиот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Мите Јаначков