Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

od srce za zoki

08.04.2021

Здружението на велосипедисти „Антигонеа Бајкинг״ - Неготино во соработка со Црвен Крст- Неготино, оваа недела, со почеток од  11:00 часот, организираат велосипедски хуманитарен настан, со цел собирање на потребните парични средства за лекување на Зоран Темелков од Неготино, кој итно треба да го продолжи своето лекување во приватната клиника „Жан Митрев״ – Скопје.

На Зоран му е потребна финансиска подршка за неговото лекување.

Пријавувањето ќе биде по 100 денари од учесник.

  • Собирно место: Спортска сала Младост – Неготино (Ракометно игралиште)
  • Датум: 11.04.2021 (Недела)
  • Почеток : 11:00 (па се до зајдисонце)
  • Тура: Неготино – Пепелиште – Криволок – Неготино (18км)
  • Зоран Темелков е граѓанин во нашето мало место Неготино.

На Зоран му е влошена здраствената состојба и се наоѓа во ситуација што мора да се лекува на приватната клиника ,,Жан Митрев” во Скопје.

Во државната болница му е поставен кардиоверетер дефибрилатор, а во два наврати има загнојување на џебот на батеријата, каде што за истото имал зафати во истата. Од таму го испраќаат во ,,Жан Митрев” за понатамошно лекување, кое истото ќе го чини околу 10.000 евра, стои во соопштението на организаторите на овој хуманитарен настан.

Хуманитарната велосипедска тура ќе се одржи со строго почитување на сите здравствените мерки и протоколи за заштита од корона вирусот, со претходна пријава за учество.

Поради строгото запазување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот ќе се овозможи и свој термин за учесниците кои веќе одлучиле да присуствуваат.

- Учесниците ќе имаат можност да се пријават со испраќање порака за учество на страницата https://www.facebook.com/antigonea.biking или со повик на следниве броеви :

071-365-488 - Ристе Јанев

072-268-340 - Тијана Стојанова

- По пријавувањето секој ќе добие свој термин (време во кое треба да се дојде и да се оствари донацијата)

- На овој начин се избегнува групирање и полесно тргнување на групите од по 3 велосипедисти кои ќе бидат предводени од редари, информираат организаторите.

Сите хумани и добронамерни граѓани, кои нема да можат да земат учество во овој хуманитарен настан, може да го дадат својот придонес за лекување на Зоран со донирање на следната жиро сметка:

Зоран Темелков, 210 7000006638 10 НЛБ, со назнака донација за лекување.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново