Човекот кој во неколку наврати до сега скромно се крие зад својата хуманост помагајќи им на поединци и  институции, на луѓе во тешка материјлна состојба, денеска уште еднаш ја покажа својата големина. За Пене Александров од Росоман несомнено е дека со години ќе зборува фамилијата Гаврилови од село Трстеник.

Две жени од Велес, триесет и пет годишната А.Н. и триесет и две годишната Л.Б. се здобиле со телесни повреди додека се возеле во автобус со кој патувале на работното место до кавадаречката фирма „Дрекселмајер“ вчера околу 14.30 часот. Сообраќајката се случила на регионалниот пат Кавадарци - Росоман. На двете работнички им била укажана лекарска помош по што биле пуштени на домашно лекување.

Без проблеми протекува гласањето во Тиквешијата и до 17 часот. Се бележи тренд на повисока излезност на гласачките места споредено со првиот круг.

Трактор прегазил 54 годишен жител на селото Трстеник – росоманско додека изведувал земјоделски работи во текот на вчерашниот ден, информираа од МВР.

Овоштарите од Росоман кои протестираа поради немањето пласман и ниската откупна цена денеска ги посети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Тие му ги кажаа проблемите со кои се соочуваат на првиот човек во ресорот земјоделство и добија ветување дека проблемот ќе биде брзо решен. Министерот ги информира за подршката што ќе ја добијат од државата, шест денари за продаден килограм праски во преработувачките капацитети.

При посетите на терен и средбите на претставници на министерството за земјоделство со производителите на праски во росоманско и откупувачите во државата било утврдено дека голем број регистрирани откупувачи немаат стабилни партнери за извоз, а постојат и вештачки блокади од странските партнери поради неусогласеноста на цените при откуп. Трговците забележуваат дека во една гајба им биле пакувани по три сорти праски и дека производите се чувале несоодветно, соопшти вчера министерот Љупчо Николовски.

Поврзани вести

 

Најново