Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Овоштарите од Росоман кои протестираа поради немањето пласман и ниската откупна цена денеска ги посети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Тие му ги кажаа проблемите со кои се соочуваат на првиот човек во ресорот земјоделство и добија ветување дека проблемот ќе биде брзо решен. Министерот ги информира за подршката што ќе ја добијат од државата, шест денари за продаден килограм праски во преработувачките капацитети.

Исто така, самите овоштари ја потенцираа негрижата од претходната власт, особено од одговорните во Водостопанство, кое повеќе од 30 дена не пуштиле вода за наводнување, што е една од причините за лошиот квалитет на праските и причина за кризата.

„ Имаме проблем којшто е суштински овде со пуштањето на системот за наводнување и со водата, тоа е нешто недозволиво и за тоа мора одговорност да има и тоа е едно од причините во нашите анализи заради ваквиот квалитет на праската“ рече Николовски и се осврна и на исплатата на штетите кои ги претрпеа земјоделците поради неповолните временски услови.

„Иако во минатите години месеци се зборуваше дека за климатските неповолни настани коишто беа 2015, 2016, 2017, сто проценти ќе биде исплатата, дека се било завршено дека само што не била исплатата, ништо претходната влада нема превземено, не за да се утврди процентот на исплатата, лага е дека е утврден со некоја одлука процент на исплата од 100%. Туку не беа ни внесени во програмите на министерството на владата основите како тие луѓе ќе бидат исплатени. Како може вие се месеци да не внесете основ како дополнителна мерка со којашто ќе може да се изврши исплата а ваму ги лажете луѓето дека требало да бидат исплатени? Ние започнавме со решавање на проблемите со тоа што за 2016 и 2017 година првин ја сменивме програмата во којашто внесовме дополнителна мерка средство како основ за исплаќање на штетите и таа постапка ќе продолжи и понатаму, нагласи Николовски.

Тој рече дека во МЗШВ немало ништо сработено од претходната власт за да се заврши со обесштетување на земјоделците. Немало записници доставено до министерството од подрачните служби, врз основа на кои ќе се правела проценка на штетата.

„Овие десетина дена решаваме проблеми односно правиме притисок внатре и во рамки на институциите и во рамки на подрачните единици се со цел тоа што морало да биде направено со месеци не е направено. Сакам да кажам дека ниту апликацијата за аплицирање на земјоделците за оваа година, не беше пуштена. И ние сеа во моментот овие неколку часа го решаваме и тој проблем се со цел да можат земјоделците да аплицираат за субвенции и затоа токму на Влада и го продолживме рокот да биде до 15 септември. Сакам да кажам дека не може веќе со оваа категорија на граѓани на државата да се манипулира, не може секојдневно со политички прес конференции да се шират лаги, манипулации и да се продолжи таа пракса да со оваа категорија се манипулира. Проблемите треба системски да се решаваат, рече министерот за земјоделство и нагласи дека новата влада во целост ќе се посветела во тој правец.

Проблемот е и со наводнувањето со системот за вода, што 30 дена е подоцна пуштена водата, проблемот и лагите се дека е завршена целата постапка за исплата на штетите. Ниту се внесени како мерки во програмата од страна на досегашната преходна власт ниту е утврден износот ниту се направени проценките ниту ги имаме записниците во рамки на министерството и тоа е една работа за којашто јас и мојот тим сега се насочуваме овие неколку дена да ја забрзаме постапката. И за 2016 и за 2017. Не за да се манипулира со луѓето туку навистина да ги завршиме сите постапки процедури и да им излеземе во пресрет. Во владина процедура до Владата се доставени од министерството врз основа на анализи предлог односно промена на програмата со којашто се предвидува зголемување на дополнителната поддршка на 6 денари по килограм праска за онаа којашто ќе се откупува од 12 до 30 јуни. Дополнителната поддршка ќе биде 6 денари по килограм. Притоа за праската ќе треба да се иплати од откупувачите до 5 денари цена по килограм, значи станува збор токму за оваа праска којашто е во моментот проблем. Сметаме и убедени сме дека со оваа мерка од 6 денари го решаваме овој проблем во моментот. Владата е расположена, ние ги правиме анализите и врз основа на разговорите тука дали да се продолжи рокот и понатаму кои други сорти ќе бидат опфатени но сакам да кажам дека ние перманентно ги правиме анализите и во најсоодветен момент ќе излеземе во пресрет и во периодот што следи натаму се со цел да ги решаваме проблемите на луѓето, да го вратиме животот насекаде. Моментално со промената на програмата ќе имаме дополнителна поддршка којашто ќе стигне директно на производителите не на откупувачите директно на производителите со дополнителни 6 денари по килограм за целата праска којашто ќе биде откупена во овој период а е со ваков квалитет каков што е, нагласи Николовски.

Министерот ги демантираше гласините дека се врши увоз на праски во земјава од Грција и Албанија.

„Има некои петстотини килограми увезена праска не од оваа сорта но тоа е некаде пред месец дена во овие дваесет дена нема никаков увоз на праска. Не смееме, да се служиме со лажни информации со манипулации за да се наштети токму на интересот на земјоделците. Ние сме тука да ги решаваме проблемите и затоа кажав како министер во овие неколку дена како што сме внатре во министерството правиме вончовечки напори да сите блокирани процеси за сето она што е креирано како проблем внатре дали се работи за збор за исплата на субвенции, дали се работи збор за воведување на мерки за да може да се исплаќаат штети, дали станува збор за решавање на проблемите во водостопанството, или почеток на исплата на аплицирање за субвенции за наредната година, правиме вончовечки напори тоа што досега не било направено, тоа што во изминатите месеци се блокирало како процеси внатре на штета на земјоделците во овие десет дена да ги одблокираме“ рече Николовски.

Ангел Данов

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново