Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Човекот кој во неколку наврати до сега скромно се крие зад својата хуманост помагајќи им на поединци и  институции, на луѓе во тешка материјлна состојба, денеска уште еднаш ја покажа својата големина. За Пене Александров од Росоман несомнено е дека со години ќе зборува фамилијата Гаврилови од село Трстеник.

Собата во која растат двете малолетни деца,  која до пред некој ден беше во очајна ситуација, денеска блесна во модерно уредена детска соба исполнета со многу љубов и емоции.

Благодарение на чичко Пене,  Слободанка која е шесто оделение и Димитрија трето од денеска ќе учат и седат во нормални услови. Заедно со нив се радуваше и нивниот татко 38 годишнит Драган кој е самохран родител. Фамилијата егзистира со неговите месечно заработени 7000 денари, а Драган вели дека тешко е да се биде и мајка и татко. Децата како деца си бараат многу нешта но нашите можности се мали.

„Ретко кој од роднините или пријателите изразиле желба да помогнат, а Пене е првиот човек на кого благодарни ќе му бидеме целиот живот“ рече Драган Гаврилов.

„ Сега имаме детска соба како од филмовите. Во нашето топло катче ќе учиме најмногу и ќе можеме да поканиме другарчиња да си играме заедно. На чичко Пене му ветивме дека ќе бидеме послушни, ќе учиме и ќе носиме само петки, тој од нас побара само да не го заборавиме, но ние секогаш ќе го сакаме и ќе се грижиме за него“ не ја криеја својата радост Слободанка и Димитрија.

Од старата соба на овие две дечиња остана како спомен само сликата на нивната мајка. Таа одамна починала и ги оставила сираци за кои се грижи нивниот татко, а помага и дедото.

Социјалниот статус не им дозволува многу луксус но велат живеат скромно и немаат огромни потреби. Најважно им е да се здрави и секогаш заедно. Со помошта на Пене Александров оваа фамилија наскоро ќе добие и нова дневна соба за кој целиот материјал е веќе нарачан. Александров како и до сега монтот го искористи само да ја подели среќата со овие две дечиња. И денеска не сакаше да зборува пред камерата на КТВ. Нагласи  дека Гаврилови остануваат во неговото срце и порача да се разбуди хуманоста и кај останатите кои имаат финансиска моќ да им помогнат на социјално загрозените фамилии кај кои децата треба да бидат пред се`.

Aнгел Данов

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново