Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Започнa реализацијата  на втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско Прилеп,  проект  кој се гради во три фази, а  претставува инвестиција во висина од околу 60 милиони евра. Втората фаза од изградбата  го опфаќа делот од Градско преку Росоман се до клучка Кавадарци во должина од 16 километри, инвестиција која за оваа делница предвидува 23 милиони евра средства обезбедени од фондовите на Европската Унија.

„За граѓаните на Република Македонија ова е значаен дел. Продолжува градежната офанзива која ќе ја подобри патната инфраструктура која изминаттите години беше подзаборавени и е во лоша состојба. Граѓаните од Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Битола, Крушево, Кривогаштани и другите поголеми и помали населени места зедоа учество, директно учество, во инклузивните програми на владата. Се вклучија со нивните предлози и упорност да отпочне и да се заврши овој експресен пат како исклучително важна делница од Коридорот 10, но и исклучително важна патна артерија за двата региона за граѓаните и за компаниите. Најважно за граѓаните, е што овој експресен пат отвора нови можности за брза транспортна луѓе и на производи, како и на непречено и лесно поврзување на идеите за нови иницијативи, нови проекти, нови контакти“, порача премиерот во своето обраќање.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски најави дека експресниот пат ќе се гради по сите безбедносни и технички стандарди, а безбедноста на сообраќајот ќе биде на највисоко ниво. Согласно договорот истиот треба да биде завршен во 2020 година.

„Еден проект завршува друг почнува, а тоа значи дека трансевропската транспортна мрежа, столбот на европскиот внатрешен пазар добива форма.Денеска започнува уште една важна изградба, а европската унија секогаш знае да одговори на ваквите потреби“  потенцира пред присутните евро амбасадорот Самуел Жбогар.

Покрај премиерот Зоран Заев, Евроамбасадорот Жбогер и министерот Сугаревски денеска во Росоман беа присутни и абасадорите на Италија и Шпанија во Македонија, пратеници и неколку градоначалници меѓу кои градоначалникот на општина Росоман, Бранко Јанев, на Кавадарци Митко Јанчев и на општина Градско Роберт Бешовски. Од Росоман премиерот и евроамбасадорот најавија дека продолжуваат во Градско каде ќе биде направена анализа околу реконструкцијата на железничката станица./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново