Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

praski fin

Росоманци извезоа три милиони килограми праски во Русија и очекуваат во периодот што следи извоз од уште два милиона килограми. Откупот се врши на неколку пунктови.

Според Здружението „Росоманска долина” росоманските производители на праски на домашниот пазар исто така продале околу три милиони килограми од овој вид овошје додека во домашните преработувачки капацитети биле преработени околу милион килограми праски.

Во овоштарниците во Росоман сега се бере сортата „крес хевен” што на пазарот дома се продава за цената од 18 до 20 денари за килограм.

Овоштарите истакнаа дека за разлика од претходните, годинава, намален е пласманот на праски на Косово.

Во Росоманско со праски се засадени околу 700 хектари површина./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново