Божиќен ручек за лицата со попречености во Велес
Со насмевки на лицата и потпевнувајќи заедно со младинскиот црковен хор Св. Кирил и Методиј, педесетина штитеници на Здружението на лица со церебрална парализа, денеска во народната кујна во Дворови го прославија раѓањето на Спасителот Исус Христос. На божиќната трпеза, која за нив ја организираше Повардарската епархија, овие луѓе го почуствуваа празничниот дух на најголемиот христијански празник.
„Во чест на овој голем празник, во чест на роденденот на Господ Бог Спасиетлот наш, Богочовекот Христос, кој ја прими човечката природа преку светиот дух и мајката Божја Богородица се собираме да на децата со церебрална парализа, да го почувсѕвуваат раѓањето на Исус Христос им приредуваме една мала забава, за да можат да ја почувствуваат радоста не само децата туку и нивните родители за спасение на нивните души и зља здобивање на Царството небесно“, рече митрополитот Повардарски Агатангел.
Неизмерна беше радоста кај децата кога владиката Агатангел и градоначалникот Славчо Чадиев им ги доделија новогодишните пакетчиња.
„Голема благодарност до Владиката за оваа хумана акција, овие наши сограѓани бидат дел од големиот настан Христовото раѓање“, рече Чадиев.
Овој традиционален настан потсетува дека и овие луѓе се дел од заедницата и дека тие со своите искрени чисти срца знаат и умеат да го почувствуваат духот на големиот празник и да ја споделат љубовта.
„Овој настан не потсетува дека не сме сами, имаме секогаш поддршка, знаеме кој е со нас и знаеме дека во оваа 2016 година сигурно ќе направиме уште многу крупни чекори за да го подобриме животот на лицата со попречености. Се надевам дека секоја наредна година повторно ќе бидеме заедно“, рече претседателката на Здружението за лица со церебрална парализа Далиборка Златева.
Божиќниот ручек за лицата со попреченост се организира по четврти пат./Д.С