Велес старее
Се намалува бројот на новородени, а се зголемува бројот на починати лица во Велес. Според податоците од Матичната служба, лани, на свет дошле 726 новороденчиња, а починале 594 граѓани. За споредба, во 2014 година во градот се родиле вкупно 795, што е за 69 бебиња повеќе од минатата година. И бројот на починати се зголемува од година во година. Така лани починале 594 граѓани што е за 35 лица повеќе во споредба од претходната година.
Според податоците на официјалната државна служба лани во општините Велес, Градско и Чашка се родиле вкупно 824 деца додека починале 784 граѓани. Во бројот на новородените, како што изјавија од матичната служба, се запишани и новородените деца во странство чии што родители се по потекло од овие општини.
Во исто време експертите појаснија дека причината за намалување на наталитетот се должи на се позачестеното иселување на младата популација од Велес во европските и прекуокеанските држави. Тие, исто така, причината за зголемување на морталитетот ја гледаат во стареењето на нацијата, сиромаштијата како и динамичниот и стресен живот. /С.А