Велешка „Колска“ со нов директор
Дипломецот на Воената акаденија, велешанецот Борис Алчев е нов директор на фабриката за шински возила „Колска“ . Алчев бил именуван на седницата на Владата одржана лани, на 22 декември. Тој денеска беше на новото работно место и соопшти дека за изборот понудил три решенија за излез на фабриката од тешката состојба. Не ги откри целосно плановите како тоа ќе го стори туку соопшти дека ќе оствари средба со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски на која ќе ја дефинираат опцијата за подолгорочно решение за работа на фабриката.
„ Се разбира дека она што ќе го избереме како опција ќе биде остварливо само со работа,“ рече Алчев.
Тој претходно беше вработен во Центарот за за управување со кризи откако премина од АРМ каде работеше како воено лице.