Сеуште трае извлекувањето на возилото што вчера излета во провалија кај наплатната станица Сопот
Објавено на 22 јануари, 2016 во 09:19
Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, синоќа на автопатот Скопје-Велес, на два километри од наплатната станица Сопот кај местото викано Клисура. Возачот со автомобилот марка „фиат линеа“ со скопски регистарски таблички, движејжи се по коловозот, од засега непознати причини излетал од патот од десната страна и слетал во провалија.
Поради непристапноста на теренот, припадниците на единицата за специјални задачи при МВР едвај го извлекле безживотното тело на возачот од провалијата и било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
На местото на несреќата увид изврши јавен обвинител и полицијата, а поради непристапниот и непрегледен терен како и лошите временски услови, увидот продолжува и денеска./Д.С