Директорите на прозваните образовни институции тврдат дека имале греење за учениците
Експресно реагираа директорите на прозваните училишта на обвинувањата на СДСМ дека во нив нема греење на почетокот од второто полугодие на учебната година. Лилјана Николовска, Љупче Николовски и Василка Ѓурчиновска рекоа дека не било вистина дека нема греење во основните училишта „Васил Главинов“ и „Блаже Конески“ како и во интернатот „Лазар Лазаревски“.
„Неправедно е кажано, ние не работиме со скратени часови. Парно имаме и загреано е колку што е капацитетот на училиштето. И вчера и денеска имаме парно. Рано наутро во четири часот го пуштивме за да може да загрее, рече директорката на Васил Главинов, Лилјана Николовска.
„Во нашето училиште парното работи нормално, се пушта два часа пред да започне наставата. Бидејќи зградата е од таков вид, можеби е потребно неколку дена претходно да биде загревана за да се постигне максимална температура на загревање. Можеби оти бевме на распуст и долг временски период училиштето не беше загревано и затоа беше поладно но сепак имаше услови за работа, но поради тие причини часовите беа скратени за пет минути, рече директорот на Блаже Конески Љупчо Николовски.
„Јас сум непријатно изненадена од лагите што ги слушнавме на пресот на СДСМ. Одговорно тврдам дека парно има 24 часа во Ученичкиот дом. И учениците кои се сместени тука ќе ви го потврдат тоа, можете слободно да ги прашате. Парно имаме обезбедено за цела година и работи 24 часа седум дена во неделата. Ако се случи да има застој, односно котелот да не работи, имаме дополнителни грејни тела и секако нема да дозволиме учениците да престојуваат во услови кои би биле штетни по нивното здравје“, рече директорката на интернатот Василка Ѓурчиновска.
Во изјавата што ја даде директорката на основното училиште Блаже Конески, Лилјана Николовска, таа рече дека училиштето има доволна количина на огрев за цело второ полугодие од учебната 2015/16 година./Д.С