Арамии крадат се па и ракија
Објавено на 26 јануари, 2016 во 13:30
Шеесет и две годишен велешанец „олеснет“ за 350 литри ракија. Непознат сторител му го украл алкохолот од викендицата што се наоѓала во месноста „Карасларска Чука“ во атарот на селото Караслари.
Пред два дена арамијата со алат насилно ја отворил влезната врата на куќата, влегол внатре и преку внатрешните скали се симнал во подрумските простории каде што се наоѓала ракијата. Освен ракијата која била складирана во туби, стаклени шишиња и буре, крадецот одзел една вреќа во која имало околу 10 килограми бакар. Откако ги зел заминал во непознат правец. Увид на местото на тешката кражба изврши екипа на СВР Велес и се превземаат мерки за пронаоѓање на крадецот./Д.С