Кираџии а не фантом гласачи имало во куќата на пратеникот Коџабашиев, реагираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ
Личностите спомнати како фантом гласачи од страна на СДСМ, живееле под кирија во куќата на пратеникот Коџабашиев, стои во писмената реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Според нивните информации овие луѓе се уште биле евидентирани како жители на оваа локација и немале друга адреса на која што се регистрирани. Токму затоа, тие не гласале на друго избирачко место туку на претходно определеното.
„Тезите дека посочените жители имаат некакви релации со пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев се чисти лаги и фабрикувани манипулации на СДСМ. Истите претставуваат алиби за претстојниот десетти изборен пораз. Колку и тие да се обидуваат и да оцрнуваат, разликата од 8.560 гласа на изминатите парламентарни избори во Велес, СДСМ нема да ја надомести со монтирани и паушални конструкции“, се вели во писмената реакција.
Во реакцијата стои дека СДСМ се крајно нервозни затоа што ДПМНЕ во Велес отвориле неколку нови фабрики и токму затоа воделе деструктивна политика базирана на сплетки, интриги и афери./Д.С