Полицијата во Неготино откри нелегално оружје кај 53 годишен маж
Објавено на 29 јануари, 2016 во 15:30
Педесет и три годишен штипјанец што живее и работи во Неготино, заработи кривична пријава оти незаконски изработувал и тргувал со оружје. На почетокот на месецов полицијата по претходно добиени сознанија и по наредба на надлежниот суд извршила претрес во неговиот дом и помошните простории.
При претресот пронајдени се два гасни пиштоли калибар 9 мм, пригушувач и 15 куршуми од кои десет калибар 9 мм и пет куршуми калибар 7,62 мм, Оружјето штипјанецот го поседувал без дозвола.
Против него Секторот за внатрешни работи поднесе кривчна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали./Д.С