Пронајден избоден маж на јужниот излез од Велес
Шеесет и пет годишен велешанец е пронајден во бесознание, вчера вечерта околу 21.30 часот, на еден километар по завршувањето на улицата Коле Цветков. Тој лежел на земјениот пат од левата страна на реката Вардар во правец на село Караслари, односно на спротивната страна од фабриката Димко Митрев. Повредениот човек го пронашол член од неговото семејство, а на него имало видливи повреди во пределот на главата и телото. Веднаш бил пренесен во хируршкото одделение на болницата во Велес, но поради сериозноста на повредите под итно е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
„Го донесоа вчера вечерта човекот во бесознание во хирургија. Тој имаше тешки повреди во пределот на телото и убодни рани во стомакот. Му напраправивме реанимација и поради тоа што беше во животна опасност веднаш го испративме во Клиника во Скопје“, рече портпаролот на болница д-р Петре Кодовски.
Увид на местото каде што е пронајдено повреденото лице извршила екипа на СВР Велес и превзема мерки за расветлување на случајот. /Д.С