Од година во година се поголем број на велешани се разведуваат
Во последниве години во Велес драстично се зголемува бројот на разводи. Тоа го потврдува и фактот што само во јануари годинава во Основниот суд во Велес се поднесени 13 тужби за раскинување на брачна заедница. Во споредба со лани бројот на разводи за овој месец е двојно поголем. Во првиот месец од годинава, според матичната служба, во брачна заедница стапиле 20 парови.
Од велешкиот суд велат дека главните причини за разделба на брачните партнери меѓу другото се неусогласеноста на карактерите на партнерите и местото на живеење. Развод побарале и партнери со повеќе годишен брачен стаж, но најмногу се разведуваат оние кои биле до пет години во брак.
Дека бројот на разводите расте во Велес говори податокот дека минатата година во Велес се развеле 186 брачни партнери, што е за седум повеќе од претходната 2014 година или за 39 повеќе од 2013 година.
Граѓаните кои денеска ги анкетиравме коментираа дека една од главните причини за раскинување на браковите е беспарицата. Дел од нив реакоа дека голем број на млади сограѓани заминаа во Европа, Канада и Австралија со цел прво еден од брачните другари да се вработи и обезбеди минимум услови за живот, а потоа да ги повлече и останатите членови од семејството. Разделбата на младите сопружници многу често придонесува за почетни несогласувања а потоа и до разводи. /С.А