ВМРО ДПМНЕ: Владата ќе ги субвенционира и сиромашните средношколци
По дванаесет илјади денари ќе добие секое семејство од најранливите категории чие дете е ученик во средно образование и редовно ја посетува наставата во текот на учебната година. Ваквата парична помош е дел од Владината мерка за заштита на социјално загрозените категории на граѓани, рекоа од ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес.
По три илјади денари семејствата ќе добивале на секои три месеци во текот на годината. Целта на оваа програма е да се подобрат условите за образование на децата од ранливите категории на семејства. За 6.500 семејства во државата, Владата обезбедила 80 милиони денари.
Од ДПМНЕ велат дека за намалување на сиромаштијата и спречување на социјалните ризици, досега биле реализирани неколку мерки како што се зголемувањето на социјалната помош, трајното ослободување од плаќање на радиодифузна такса, бесплатни елаборати за легализирање на дивоградби, отпис на долгови и други./Д.С.