За џунглата на велешкото маало „Никола Оровчанец“ жителите барале помош и од полицијата
Жителите на улицата Никола Оровчанец , често пати пишувале поплаки и се обраќале до Секторот за внатрешни работи во Велес. Тие од полицијата барале сообраќајците редовно да го регулираат протокот на автомобили и нивното паркирање особено откако биле поставени столбчињата пред новоизградената зграда со што улицата, од почетокот до куќниот број 15, е стеснета за еден метар . Од полициската станица за Дума денеска велат дека полицијата повеќе пати постапила поточно полицајците излегувале и постапувале согласно законските надлежности.
Вчера дел од жителите на оваа улица во центарот на Велес ги кажаа своите маки. Тие објаснија дека неможат да влезат во домовите и да си ги паркираат возилата во гаражите на „Никола Оровчанец“ поради сообраќаен метеж што ја создаваат паркирани автомобили на граѓани од сите делови на градот. Овие сопственици на куќи бараат општината да ги тргне поставените столпчиња пред новоизградената здграда. Сметаат дека сопствениците на становите, најголем дел од нив и претходно живееле тука во куќи кои им ги продале на инвеститори за да ја изградат зградата, добиле премногу бенифиции во споредба со нив. Одлуката со која се поставени проблематичните столбчиња истекува на крајот на месец март годинава.
Во писмениот одговор на новинарско прашање колку и како сообраќајната полиција реагира при незаконско користење на паркинг места на споредни улици во градот особено кога паркирањето блокира или го отежнува влезот во цела населба портпаролката на велешкиот сектор за внатрешни работи, Анита Стојковска одговори дека доколку граѓанин пријави за одредена неправилност во делот на сообраќајот на некоја од споредните улици на пример пред неговиот дом , во тој случај, полициските службеници секогаш излегувале на лице место и постапувале согласно законските надлежности. /У.Ј