Велешки „Димко Митрев“ лани оствари добивка од 4.715 евра
Објавено на 17 март, 2016 во 15:27
Вкупна сеопфатна добивка од 290.000 денари оствари лани акционерското друштво „Димко Митрев“, покажува билансот на успех објавен на Македонската берза.
Една година претходно, на крајот на 2014 година, компанијата прикажа добивка од 573.000 денари.
Вкупните приходи од продажбата лани достигнаа 209.577.000 денари. Од нив на домашниот пазар се реализирани 6.221.000 денари додека на пазарите во странство 201.256.000 денари.
Велешки „Димко Митрив“ произведува крзно и крзнени производи./С.А