СДММ Велес: Укинување на екстерно тестирање штом СДСМ ќе ја добие довербата на граѓаните
Пустош во студентските домови Стив наумов и Пелагонија во кои шетаат само стаорци и глувци, младинска невработеност од над 52 проценти, стресно екстерно тестирање, масовно иселување на младите. Ова зад себе го остави Владата на ВМРО ДПМНЕ, реагираa денеска од локалниот клуб на СДММ во Велес.
„Според истражувањата на невладината „Реактор“, седумдесет и пет проценти од младите се гледаат себеси надвор од Македонија. тесните бродски кабини станаа секојдневие на десетици илјади млади гражани, а не нивните домови“, рече заменик шеф на младински изборен под штаб Љубомир Новаковиќ.
на денешната прес конференција младите на СДСМ презентираа дел од младинските политики и решенија кои системки ќе ги решаваат проблемите на младите во државата.
„Младинска гаранција како можност за дообразување или вработување, нови студентски кампуси и домови, отворање на бизнис центри за вработување на млади односно бизнис инкубатори, воведување на студентска платежна картичка, бесплатен јавен транспорт за сите невработени млади до 29 години, отворање на младински спортски школи и укинување на екстерното тестирање“, рече Новаковиќ.
Младите опозиионери им замерија на своите противници од власта што не се појавиле на дебатата „Младински изборни муабети“ што пред три дена во организација на Националниот младински совет на Македонија се одржа во општинската сала./Д.С