Вработените во Колска од денеска повторно седат дома
Вработените во фабриката за шински возила Колска во Велес , исто како и мината седмица, од денеска повторно седат дома. Тие се уште немаат работа па затоа раководството на фабриката одлучило работниците да не доаѓаат на работа до 13 овој месец.
Штрајкот и преговорите со министертсвото за транспорт и врски по се изгледа не ги дадоа очекуваните резултати. Работниците немаат земено плата од декември минатата година, а што е уште полошо немаат ниту еден патнички или товарен вагон за поправка.
Вработените во Колска бараат да им се исплатат заостанатите плати и придонеси и да станат дел од Македонски железници Транспорт, затоа што, како што велат, само на тој начин ќе можат да имаат континуирана работа.
Инаку во единствената фабрика за поправка и одржување на шински возила во државата, која годинава ја одбележува сто годишнината од своето постоење, од некогашните над 350 работници остаа само сто триесетина. Тие велат дека имаат и капацитет и квалификуван кадар и се подготвени да го одржуваат возниот парк на Македонски железници./Д.С