Со бехатон плочки се поплочува тротоарот на главната улица во Велес
Со бехатон плочки ќе се поплочува тротоарот од десната страна на улицата „8 Септември“, од плоштад Сармаале до „Стара аптека“, спроти комплексот банки. Од утрово вработени на градежна компанија ги вадат старите и уништени бетонски плочи и ја подготвуваат подлогата за поставување на новите бехатон плочки. Во должина од 350 метри ќе се реконструира тротоарот во центарот на градот.
Реконструкцијата на тротоарот е предвидена со програмата на општина Велес за уредување на градежно земјиште Средствата за овој зафат се обезбедени од буџетот на општината за 2016 година.
Инаку најголем дел од плочките на овој дел од главната градска улица беа тотално уништени и им правеа проблеми на гражаните додека се движеа по нив. Тие не без заменети околу дваесет години./С.А