Се излизга земјен брег во Велес и затрупа градежен работник
Објавено на 11 април, 2016 во 10:32
Несреќата се случила пред еден час на улицата „Максим Горки“ во населбата Долни Дуќани, на јужниот излез од градот. Според првичните информации градежниот работник работел позади куќата во малиот пролаз помеѓу потпорниот ѕид и земјениот брег кога според очевидци одеднаш се свлекле земја и камења и го затрупале. На колегата се обиделе веднаш да му помогнат останатите градежни работници ангажирани на поставување на фасадата на куќата.
Била повикана брза помош. На местото на несреќата се наоѓаат и велешките пожарникари. Сите заедно се обидуваат да го извлечат телото на затрупаниот градежен работник.
Инаку кај веќе одронатиот дел од брегот постои опасност од ново свлекување на земја и камења. Се бараат решенија како тоа да се спречи. /У.Ј