ГДОМ и вечерва со протест во Велес
Граѓаните приврзаници на Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва во Велес одржаа уште еден протест. Говорникот на протестот Александар Кукулев рече дека неколку години се измислуваат приказни, се штанцаат извештаи и се крева паника и хаос помеѓу луѓето. Неколку години се измислувале аргументи кои подоцна и се сревирале на меѓународната заедница. Се плаќале странски агенции да организираат протести на кои се случувале насилни судири со полицијата и институците.
„Се организираат маршеви и протести , се финансираат формални движења., пленуми и слични партиски здруженија да креираат меѓуетнички тензии, се шири омраза помеѓу луѓето , се исмејуваат сите кои не сакаат да го прифатат нивното размислување, се лаже дека власта прислушкува, се манипулира со вистината и се креира сценарио во кое граѓаните нема да одлучуваат за тоа како сакаат да се управува нивната држава туку со неа да управува некоја самозамислена елита на луѓе со празни биографии, бивши министри и самонаречени граѓански активисти“, рече Кукулев .
Тој потенцираше дека долгото седење во опозиција ги правела се повеќе нервозни, па затоа наместо за проекти и мерки говореле за немање слобода и демократија. Пред присутните поддржувачи на ГДОМ се обрати и ликовниот уметник Трајче Чатмов./Д.С