Кого се штител осомничениот командир на полициската станица во Велес праша опозицијата а власта веднаш врати како претседателот на опозицијата мерел незаконско работење кога протестирал со криминалци
Кого и зошто штител командирот на полициска станица Велес Д.Ѓ. и по чија наредба го правел тоа, кога спречил да се процесуираат 16 барања за поведување прекршочни постапки а се однесувале на прекршоци против јавниот ред и мир и законот за безбедност на сообраќајот, прашаа денеска од велешката опозиција. Истовремено прашуваат дали и во овој случај теснопартискиот интерес и сервилноста на командирот кон високи партиски функционери на државната и локалната власт се над принципот на владеење на правото и почитување на службената должност.
„По промените, на следните фер и демократски избори, секој што го прекршил законот ќе одговара. Доаѓа слободна и демократска Македонија во која подеднакво за сите ќе важат законите“, рече претседателот на О.О на СДСМ Панче Иванов.
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство уште минатата недела поднесе кривична пријава против командирот на полициска станица Велес Д.Ѓ. за сторено кривично дело несовесно работење. Командирот Д. Ѓ. постапил спротивно на законот со тоа што спречил да се процесуираат 16-те барања за поведување прекршочна постапка, иако во службената евиденција на секторот за внатрешни во Велес било заведено дека тие се процесуирани до Секторот за прекршоци и до Основниот суд во Велес. Но од известувањата на наведените органи произлегло дека подготвените барања воопшто не биле доставени до надлежните органи и не биле процесуирани. Како резултат на тоа дошло до апсолутна застареност на прекршочно гонење на сите наведени барања, а со тоа командирот овозможил да не се казнат и санкционираат сторителите на прекршоците. На тој начин предизвикал и штета на буџетот на државата.
Експресно реагираа од О.К на ВМРО ДПМНЕ. Во соопштението за јавност прашаа со кое лице претаседателот на социјалдемократите во Велес излегувал на прес конференции и се покажувал како борец за правда и законско работење кога секој ден парадирал на протести рамо до рамо со докажани криминалци од градот./Д.С