О.К. на ВМРО ДПМНЕ Велес со поддршка за проектот „Субвенции за греење со пелети“
Општинскиот комитете на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција соопшти дека го поддржува проектот „Субвенции за греење со пелети“ кој неодамна го промовираше претседателот на партијата Никола Груевски. Овој проект како што реакоа е наменет за граѓаните кои своите домови досега ги затоплувале со дрва, струја или друг енергенс.
„Мошне значајно е што ЈП Македонски шуми ќе се специјализира и ќе започне со производство на пелети. И тоа производтсво ќе биде под мошне поволни услови на пазарот. Пелетите ќе претставуваат конкурентна понуда наспроти се поголемиот дефицит на дрвна огревна маса во регионот и пошироко“, рече Анѓел Димов, О.К на ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата на власт велат дека постепената замена на огревно дрво со пелети ќе приидонесе за значително намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот. /Д.С