Велешката опозиција обвини за раскопаната улица „Тодор Христов Офицерчето“, локалните власти уверуваат, ќе биде завршена за кратко време
Раскопана и така оставена со недели е улицата „Тодор Христов Офицерчето“ што се наоѓа во Нова Населба, реагира велешката опозиција. Со прес конференција од лице место на улицата СДСМ ги обвини локалните власти. Таа се наожа на фрекфентно и густо населено место во општината, а по неа секојдневно поминуваат стотина деца кои престојуваат во детската градинка, обвинува опозицијата.
„Градоначалникот Чадиев и ВМРО ДПМНЕ, и должат одговори на велешката јавност: .До кога оваа улица ќе биде нефункционална и ќе претставува сериозни проблеми во секојдневното живеење? .Дали можеби причината за неасфалтирањето е одложувањето на изборите? На граѓаните им е јасно дека градоначалникот Чадиев и ВМРО-ДПМНЕ пред се’ се грижат за своите теснопартиски и бизнис интереси“, рече секретарот на О.О на СДСМ, Марјан Јорданов.
Во писменото соопштение на општина Велес стои дека не постои никаков проблем со градежното уредување на улицата и дека во најкраток рок ќе биде завршена.
„На споменатата улица неодамна започнаа градежни работи за реконструкција, за прв пат од нејзината изградба. Истовремено се изведе и подземно поставување на каблите од телекомуникациските оператори, што е од особено значење. Во најкраток можен период, улицата и придружниот кракќе бидат асфалтирани и тоа јавно ќе го промовираме пред медиумит“, се вели во соопштението.
Од СДСМ изјавија дека по демократските промени на следните избори, новата власт предводена од нив ќе се насочи кон решавање на секојдневните проблеми на граѓаните и тие ќе бидат нивниот приоритет./Д.С